Флик: Мило ми е што заврши проклетиот ноември!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ханс Флик, беше задоволен по убедливата победа на неговиот тим против Мајорка – 5:1.

Каталонците не играа најдобро во ноември, остварија по две победи и порази со едно реми во Ла Лига. Со победата над Мајорка, Барса ја прекина лошата серија.

Германецот истакна дека му е мило што ноември завршил и дека работите се враќаат на свое место.

„Многу ни е важно да постигнуваме голови. Создаваме доста шанси, но ги пропуштаме. Драго ми е што не се случи тоа овојпат и што успеавме да постигнеме пет гола. Веќе реков дека ми е драго што проклетиот ноември заврши и дека започна декември. Важно ми е да постигнуваме многу голови, овојпат беа пет“, рече Флик на конференцијата за медиуми.

.