Флик по паузата го чекаат две одлични вести


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона пред заминувањето на ноемвриската пауза успеаја да се доближат до Реал Мадрид со заостаток од три поени, а по паузата, Ханси Флик ќе има уште посилен тим.

Како што беше потврдено денеска, голманот Жоан Гарсија и капитенот Рафиња се опоравија од повредите и ќе бидат подготвени веднаш по репрезентативната пауза.

И Гарсија и Рафиња заработија повреди на истиот натпревар, против Овиедо, на 25-ти септември, што значи дека се враќаат во стројот по два месеци.

Отсуството на првиот голман и на крилниот напаѓач секако се почувствува, затоа Флик ќе биде и повеќе од задоволен од нивното враќање на теренот.

Надвор од стројот остануваат Педри, кој може да се врати на почетокот на декември, потоа Марк-Андре Тер Штеген и Пабло Гави, чиј повраток се очекува дури во вториот дел на сезоната.

Барселона по паузата го дочекува Атлетик Билбао, на 22-ри ноември во 16:15 часот, а потоа е гости кај Чеси на 25-ти ноември од 21:00 часот.