До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Барселона Ханси Флик немаше што друго да каже, ниту можеше, освен да им честита на екипата и да се восхитува на сензационалниот настап против Њукасл.
Флик и по 7:2 вели дека екипата може подобро.
„Ќе го анализираме натпреварот. Ќе бидеме подобри, сакаме да учиме. Последната линија, одбраната, си ја заврши одличната работа. Не им беше лесно поради промените, но одработија фантастично. Некои играчи ни се враќаат и треба уште да ја подобриме одбраната“.
За следниот противник (Атлетико).
„Следната рунда ќе биде тешка, двата тима се одлични. Идеме од натпревар во натпревар“.
















