Флик потврди најлоши можни вести пред натпреварот на сезоната за Барселона


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона утре пред своите навивачи ја игра најважната средба во досегашниот дел од сезоната бидејќи во реваншот на полуфиналето на Купот на кралот ќе се обиде да направи чудо против Атлетико Мадрид. Пред утрешниот меч се одржа прес конференција, а една реченица на Ханси Флик привлече посебно внимание.

Атлетико Мадрид во првата пресметка на полуфиналето на Купот на кралот што неодамна се одигра во главниот град на Шпанија му нанесе тежок удар на Барселона бидејќи победи со 4:0.

Сите голови ги видовме во првото полувреме, но иако Атлетико славеше со 4:0, во тој клуб уште не го слават пласманот во финалето бидејќи знаат дека Барса веќе докажа дека и таквите заостанувања може да ги спречи.

Навивачите на Барселона се надеваат на ново чудо на стадионот Камп Ноу во средбата на досегашниот дел од сезоната, но Ханси Флик на денешната прес конференција одлучи малку да ги смири страстите.