Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на Шампионите и покрај поразот од Борусија со 3:1. Борусија Дортмунд водеше со 2:0 по два гола од Серхи Гираси кој во 11-тата минута реализираше пенал за 1:0, додека во 49-тата даде нов гол за зголемување на водството на 2:0.
Барселона ја намали предноста со автоголот на домашниот играч Рами Бенсебаини во 54. минута, а конечните 3:1 ги постави со нов гол Гираси во 76. минута, постигнувајќи хет-трик. Натпреварот го коментираше тренерот на Барселона, Ханси Флик.
„Во полуфиналето сме, заслужено го направивме следниот чекор. Борусија има одличен тим и навистина ни го загорчија животот, но се пласиравме во полуфиналето и тоа е она што е важно. Денес не игравме најдобро, но тоа исто така е заслуга на домаќините, кои беа многу добри. Сега направивме уште еден чекор понатаму, но уште сме далеку од крајот“, коментираше Флик.
Фото: Барселона/ФБ