Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Барселона синоќа во неверојатен натпревар ги победи своите најголеми ривали Реал Мадрид и го освои Купот на Кралот, а Флик потоа се обрати пред новинарите.
Синоќа од 22 часот беше одиграно феноменалното финале на Купот на Кралот помеѓу лутите ривали Барселона и Реал Мадрид.
Барселона поведе со голот на Педри по асистенција на Јамал во 28. минута, а во второто полувреме Реал Мадрид успеа да преврти со головите на Мбапе и Чуамени.
Во 84. минута Торес постигнува гол за изедначување – по втората асистенција на Јамал на мечот и го одведува овој спектакуларен натпревар во продолженија.
После натпреварот и прославата, шефот на стручниот штаб на Барселона – Ханси Флик се обрати пред новинарите и беше искрен како никогаш досега.
Кога ќе ја прифатите ваквата работа, секогаш мора да размислувате позитивно. Бев многу изненаден колку сите беа љубезни и колку убаво ме пречекаа. Од првиот ден се чувствувам многу среќно што сум тука во Барселона и во овој клуб”, порача Германецот.
Фото: Принтскрин