Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ханси Флик би можел да има големи проблеми во следната сезона доколку остане без еден од најважните фудбалери.
Имено, ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски може да направи голем трансфер и да ја напушти Барселона ова лето откако доби понуда од 50 милиони евра годишно.
Левандовски наполни 37 години претходно овој месец и има договор со Барселона до следното лето. Во Барселона, Полјакот пристигна од Баерн во 2022 година.
И покрај тоа што има 37 години, Левандовски играше одлично во дресот на Барселона, минатата сезона постигна 42 голови на 52 одиграни натпревари во сите натпреварувања.
Сите, значи, очекуваа дека и следната сезона ќе го предводи нападот на Барселона, а и тој самиот зборуваше за тоа во јуни за BILD.
“Тоа не е проблем за мене, останувам и следната сезона. Во моментот, моите мисли се насочени само кон Барселона.
Нашиот тим ќе биде уште подобар следната сезона. Се чувствувам одлично физички.
Моето тело е такво како да имам 30 години. Мислам дека тоа не е лошо бидејќи се чувствувам добро. На крајот на краиштата, правам тоа што ми кажуваат срцето и главата”, рече Левандовски.
Сепак, сега дојде до одредени промени и иднината на Левандовски во Барселона повеќе не е толку сигурна, а причината е понудата која пристигна на негова адреса од Саудиска Арабија.
Како што пренесува шпанскиот El Nacional, ѕвездата на Барселона добила понуда да потпише договор на две години и би заработил 100 милиони евра.
Фото: Grok AI