Флоренци е како проколнат: Италијанецот се појави во клубот со огромни дамки по телото!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алесандро Флоренци ја напушти Рома оваа зима и замина во Валенсија за да добие повеќе простор за игра. Меѓутоа, засега 28-годишниот фудбалер не се прослави премногу. Настапи во три меча, а против Хетафе доби директен црвен картон и нема да игра во следните два меча.

Дури и да не добиеше казна Флоренци сигурно немаше да игра во следниот период. Тој во средата се појави во клубот со дамки по телото.

Веднаш по пристигнување во тренинг-центарот бил одвоен од остатокот од тимот и бил испратен на лекување, па на него нема да сметаат во следниот период.

Флоренци е навистина како проколнат и едноставно во последно време не му оди ништо од рака, а сега се соочува и со нов проблем.