Флорентино Перез го даде својот збор, Рамос останува во Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вети дека Серхио Рамос ќе остане во клубот.

Договорот на Рамос истекува следното лето, но очигледно е дека по освојувањето на титулата по 34-ти пат, тој и сите во Реал сакаат да останат.

Сепак, преговорите, наводно, биле одложени поради политиката на „кралевите“ да понудат 12-месечно продолжување на играчи на возраст над 30 години, а Рамос сакал да остане до неговиот 37. роденден во 2023. година. И покрај компликациите околу договорот, Перез потврди дека по неговата прва титула во Ла Лига од 2017. година, клубот ќе направи се за да го задржи Рамос во Мадрид.

„Рамос ќе биде во клубот целиот свој живот, ние сме спокојни и сигурни во тоа. Тој беше неверојатен како капитен на клубот и голем дел од нашиот успех се сведува на него“, рече Перез.

На последните седум натпревари, Рамос има постигнато пет гола, вклучувајќи клучни голови против Мајорка, Хетафе и Атлетик Билбао.

Рамос сега ја обезбеди својата петта титула во Ла Лига како дел од брилијантната 15-годишна кариера во шпанската престолнина, израмнувајќи се со Фернандо Хиеро, Икер Касиљас и Гути, и има една титула помалку од Раул Гонзалез.