Флорентино Перез убеден дека ќе успее да ангажира еден фудбалер од средниот ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е убеден дека ќе успее да го обезбеди потписот на фудбалерот на Ајакс, Дони ван де Бек.

Според „Мундо Депортиво“, Перез ќе тргне по услугите на одличниот холандски фудбалер од средниот ред следната сезона, на почетокот налетниот преоден рок.

Холанѓанецот беше баран од Реал Мадрид и во овој преоден рок, но тој остана во редовите на Ајакс. „Мундо Депортиво“ пишува дека Флорентино Перез веќе на големо зборувал дека ова ќе биде последната сезона за ван де Бек во редовите на Ајакс и дека следната година тој ќе стане нов фудбалер на „кралскиот клуб“.