Фофана го заборави Лестер – сака да игра за Челси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Весли Фофана ги разгоре шпекулациите за неговата иднина, откако претходно се појави вест дека го напушта Лестер сити и се сели во Челси.

Фофана го избриша името на Лестер од својата биографија на Твитер, па најверојатно наскоро ќе го облече дресот на „сините“, откако во претходните денови ги договорил и личните услови.

Дефанзивецот со сите сили сака да се пресели во Челси, каде што треба да биде дел од одбраната со новиот колега Калиду Куилибали.

Младиот фудбалер има само 21 година, а веќе одигра пет меча за младата француска репрезетанција, додека за сениорската сè уште нема дебитирано.