„Фокс Спортс“ откри колку пари ќе земе Ѓоковиќ како отштета од Австралија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби виза за влез во Австралија, откако федералниот Суд пресуди во негова корист по тортурата која му се случуваше на Србинот.

„Фокс Спортс“ објави дека Ѓоковиќ може да поднесе тужба поради малтретирањето кое било извршено од австралиските власти и за тоа државата ќе му плати околу 500.000 долари.

Австралиските власти, исто така, треба да ги платат сите судски трошоци затоа што го изгубија спорот против најдобриот тенисер во светот.

Парнерот на позната адвокатска фирма, Џастин Квил смета дека случајот може дополнително да се оддолжи и по пресудата, а колку подолго трае толку повеќе ќе ја чини Австралија.