Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Португалскиот тренер Паоло Фонсека е казнет драконски затоа што го нападна судијата Беноа Миљо на натпреварот меѓу Лион и Брест.
Тренерот на Лион е казнет со девет месеци и за тоа време не смее да влегува во соблекувалната на својот тим пред, за време и после натпреварот.
Португалецот, пред дуелот во Лигата на Европа против ФЦСБ, одлучи да говори за оваа тема откако казната му ја изрече Лига 1.
„Сакам да останам фокусиран на играта, но чувствувам голема неправда поради оваа казна и сакам јасно да биде дека никогаш не сум го допрел судијата ниту сум имал намера да бидам физички агресивен. Најважната работа за мене е поддршката што ја чувствувам од клубот и оваа неверојатна група играчи“, рече Фонсека.
И покрај оваа казна, Фонсека изјави дека сака да остане тренер на Лион и кога повторно ќе се врати во соблекувалната на својот тим во домашното првенство.