Форбс откри детали за заработката на Кабиб: Милиони на сметките на шампионот во УФЦ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Руското издание на познатиот магазин „Форбс“ направи список на најуспешни спортисти на возраст под 40 години, а според заработката, на врвот на листата се наоѓа шампионот на УФЦ лесен,Кабиб Нурмагомедов.

Според угледниот „Форбс“, Кабиб заработил дури 16,5 милиони долари во периодот од 1 мај 2019. година, до 30 април годинава.

Огромна сума на пари Кабиб ги собра за мечот против Дастин Поирер. Заработи малку повеќе од 10 милиони долари, а остатокот од парите ги доби од спонзори и гостувања.

Форбс тврди дека „Орелот“ наплаќа 78.000 долари за семинар, но неговиот менаџер Али Абделазиз од друга страна посочува дека ова е дезинформација. Тој тврди дека Кабиб зема околу 300 000 долари на ден.

Покрај бројните договори за спонзорства со познати компании, на Кабиб зема уште неколку милиони повеќе, а доколку се верува на Форбс, тој собрал 16,5 милиони долари за една година.

Дагестанецот треба да имаат нов меч во септември против Џастин Гајети, а тоа треба да му донесе најмалку уште неколку милиони.