Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити го урна бункерот на Атлетико Мадрид и славеше со 1-0 во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ).
Натпреварот на „Итихад“ го одбележа дефанзивната игра на гостинскиот тим од Мадрид, а бункерот на Диего Симеоне беше анти-фудбалски.
Атлетико играше во формација 5-5-0, па не испрати ниту еден удар кон голот на „граѓаните“, по што Пеп Гвардиола кажа дека оваа тактика е праисториска.
„Почуствувавме дека играат во 3-5-2 и пробивме неколку пати по страните, а потоа Гризман го ставија десно, а Феликс лево и почнаа да играат во формација 5-5-0. Играњето против две линии од пет фудбалери е праисториско. Денес и во следните 100.000 години би било тешко. Нема доволно простор“, вели Гвардиола.