Формула 1 ќе остане во Лас Вегас најмалку до 2037 година


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Формула 1 најави дека Големата награда на Лас Вегас ќе биде дел од Светскиот шампионат уште најмалку 11 години, откако е потпишан нов договор кој важи до 2037 година.

“Возбудени сме што Формула 1 ќе продолжи во Лас Вегас уште многу години. Секогаш верувавме дека Лас Вегас ќе биде основен камен за нашето присуство во САД и ова продолжување не’ врзува долгорочно за овој важен пазар”, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1 Стефано Доменикали, а пренесува официјалниот сајт на Формула 1.

Лас Вегас доби трка во 2023 година, а досега се возени три, од кои во две победи Макс Верстапен а во една Џорџ Расел.