(ФОТО) Барселона го претстави гостинскиот дрес и ги остави навивачите без зборови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона ќе имаат нов дизајн на гостинскиот дрес во новата сезона.

Барселона ќе се обиде да ја врати титулата во сезоната 2020/21 во дресови што се редизајнирани.

Новиот домашен дрес беше објавен на почетокот од овој месец и навивачите беа воодушевени од изгледот на дресот, кој сè уште ги има традиционалните сини и црвени ленти.

“Денес официјално ви претставуваме нови дресови за сезоната 2020/21, чиј дизајн е инспириран од првата златна ера на нашиот клуб. Од денес, овој дрес се продава во клупските продавници”, изјави пред две недели Барселона.

Сега и гостинскиот дрес доби нов изглед. Навивачите останаа без текст и некои сметаат дека најдобро би било дресовите со една боја да бидат во исто време главни, односно домашни во новата сезона.