(ФОТО) Халанд работи во мир и се претвора во машина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За разлика од многу светски sвезди, Ерлинг Халанд е сè уште цврст на земја, иако за кратко време доживеа голема слава.

Халанд реши да одмори во Норвешка. Неодамна се направени фотографии од него како работи на поле со трактор или оди на риболов, но очигледно е дека тој работи и на неговата физичка подготовка.

Норвешкиот напаѓач е свесен за фактот дека физичката сила е еден од главните предуслови за успех во современиот фудбал, па реши да работи напорно на своите мускули.

Фотографијата на Халанд е една од фитнес тренинзите која се појави на социјалните мрежи, а неговите мускули на нозете излегоа на виделина, а реалниот напредок е очигледен.

Пребројувајќи ги сите натпреварувања и настапи во Ред Бул Салцбург и Борусија Дортмунд, овој 20-годишник одигра 40 натпревари и успеа да постигне дури 44 погодоци.

Навистина импресивна статистика и јасен показател дека пред него е одлична кариера.