Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси не сака да губи, а уште помалку да му помога на својот лут ривал Реал Мадрид на тој начин.
Аргентинецот мораше да се помири со фактот дека синоќа Реал Мадрид освои нова титула, прва од 2017. година во Шпанија и 34 во историјата. Кралевите имаа неверојатна серија откако фудбалот се врати и на крајот тие заслужено ја освоија титулата.
Барселона беше бледа, непрепознатлива, безидејна на некои натпревари и беше јасно дека проектот на Кике Сетиен нема да биде завршен на најдобар начин. Клубот остана без титулата во лигата, а прашање е дали има сила да направи нешто повеќе во Лигата на шампионите, но ситуацијата на „Камп Ноу“ е неповолна и изразите на лицето на фудбалерите зборуваат веќе некое време.
Меси беше тажен по вчерашниот натпревар со Осасуна (1:2). Депресивен, загрижен, свесен дека работите не се така како што требало да бидат долго време.
“Не очекувавме да заврши вака. Ние сме слаб тим во текот на целата сезона и од јануари сè оди во провалија. Ако не промениме нешто, ќе загубиме против Наполи во Лигата на шампионите”, рече Меси, додавајќи:
“Треба да бидеме самокритични. Ние сме Барселона и мора да победиме на секој натпревар, без разлика со кого играме. Луѓето лесно постигнуваат голови против нас, губиме бодови таму каде што не треба да ги губиме. Оваа игра е слика на комплетната сезона”, рече искрениот Меси.