Фотографии од местото каде беше елиминиран водачот на „Гробари“ (ФОТО)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Синоќа српските медиуми објавија вест дека околу 20.30 часот бил елиминиран водачот на Гробари во Вождовац, Љубомир Марковиќ – Кича.

Марковиќ бил познат како еден од навивачите на Партизан , кој го претепа Французинот Брус Татон во Белград.

Најпрво доби 30-годишна казна, а потоа му беше намалена казната на 15 години по што излезе од затвор во 2017 година.

Српските медиуми објавија дека полицијата правела увид неколку часа, а според информациите кои беа објавени синоќа, Марковиќ бил застрелан со шест куршуми, од кои два биле во неговата глава.

Наводно, Кича пробал да избега од балонот, кој бил полн со деца, кон училиштето, но не успеал во својата намера.