Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул синоќа во градското дерби против Евертон одигра 2-2, но по мечот дозна многу лоши вести затоа што нивниот дефанзивец Вирџил ван Дајк најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната.
Еден од најдобрите дефанзивци во светот заработи тешка повреда по судирот со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд во раната фаза на натпреварот.
Иако не изгледаше како сериозна повреда, сепак Ван Дајк ќе паузира седум-осум месеци, а се чека официјална потврда на информацијата.
Во меѓувреме дефанзивецот беше фотографиран како на патерици ја напушта болницата во Ливерпул. Нема сомнеж дека ова ќе биде голем удар за шампионот.
Van Dijk leaves hospital on crutches… pic.twitter.com/DSwqFF8aCH
— Watch LFC (@Watch_LFC) October 17, 2020