Фотографија открива за кого Бенатија навива од мали нозе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мароканскиот интернационалец Медхи Бенатија денеска официјално е претставен во екипата на Јувентус.

Бенатија во Јуве дојде на едногодишна позајмица од Баерн од Минхен со можност за Јувентус на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор.

Навивачите на Јувентус се воодушевени со новото засилување, а посебно после што на интернет се појави фотографија на Бенатија додека бил уште дете, а тогаш на себе имаше маица со обележје на Јувентус.

Ова е дефинтивно доказ дека од мали нозе навива за Старата дама и дека сега ги оствари своите соништа.