Фотографијата на Кутињо и Суарез од тунелот на „Енфилд“ предизвика бура од бесни коментари … (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Барселона вечерва го играат реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Ливерпул сигурно пред преполниот „Енфилд“ вечерва ќе го пречека каталонскиот клуб и ќе се надеваат на чудо бидејќи во првиот меч изминатата недела беа поразени во Барселона со високи 3:0.

Многумина се прашуваат како навивачите на „Црвените“ ќе ги пречекаат Луис Суарез и Филипе Кутињо кои го носеа дресот на англискиот клуб. Суарез замина на мирен начин, но предизвика бес изминатата недела кога го прослави погодокот против Ливерпул.

Кутињо речиси сигурно ќе заработи исвиркувања бидејќи не го напушти „Енфилд“ на баш добар начин. Атмосферата дополнително ја искомплицира и фотографијата која ја објави Барселона.

Имено, Суарез и Кутињо во тунелот на „Енфилд“ се сликаа пред грбот на Ливерпул, и сигурно не очекуваа дека ќе добијат толку негативни коментари од страна на навивачите на англискиот клуб.