Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нејмар и оваа сезона го носи дресот на ПСЖ и покрај тоа што целото лето се пишуваше за негово заминување од Париз.
Бразилецот во вториот дел од изминатата сезона навлезе во недоразбирање со управата на клубот поради незадоволство и сакаше да го напушти клубот на ПСЖ и да се врати во редовите на Барселона.
Сепак, тоа не се случи и Нејмар остана во ПСЖ. Тој оваа сезона одира 9 натпревари поради проблеми со повредите и успеа да постигне 6 погодоци.
И покрај тоа што ситуацијата е смирена и од двете страни, Нејмар и понатаму нема намера да потпише нов договор со Парижаните и сигурно би ја искористил првата прилика која ќе му се пружи за да се врати на Камп Ноу.
Во ПСЖ се свесни за тоа и сакаат да ја пронајдат идеалната замена за Бразилецот. Ова лето се пишуваше дека тоа можно е да биде Пауло Дибала, но тој сепак остана во Јувентус.
Сега според пишувањата на France Football новиот кандидат кој во Париз го гледаат како замена на Нејмар е играчот на Ливерпул – Садио Мане.
На Парижаните им се допаѓа интензитетот со кој Сенегалецот игра во одбрана и во напад, но и неговиот менталитет, а за многумина во Париз тој е „совршениот“ кандидат кој би можел да го замени Бразилецот.