Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативците на Мароко го оставија срцето на терен и освоија срца на милиони навивачи ширум светот, но сепак нивниот пат заврши во полуфинале, односно поразот од Франција (0-2).
Селекторот Валид Рагреги раскажа што се случувало во екипата на Мароко и јасно било дека шансите за елиминација на Франција биле миниминални.
„Дадовме максимум. Имавме неколку повреди, загубивме неколку фудбалери на загревањето и на полувреме. Против тим каков што е Франција и најмалата грешка се плаќа. Не може да играме во финале ако губиме на полувреме. Сепак, овој пораз не го намалува нашиот успех на турнирот“, кажа селекторот.