Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот светски првак Франција го доживеа првиот пораз на Мундијалот, и тоа од Тунис со 0-1 во третото коло, иако тоа не влијаеше на нивниот пласман во осминафинале.
Французите се жалат до ФИФА затоа што им беше поништен гол во 98. минута од натпреварот, и тоа откако судијата претходно досуди крај.
Наместо реми против Тунис, Франција се соочи со пораз, а францускиот медиум „РМЦ Спорт“ објави дека „триколорите“ ќе испратат жалба поради поништениот гол.
Светскиот шампион е убеден дека голот на Антоан Гризман во 98. минута не е спорен и треба да биде признаен и исто така Французите тврдат дека гол не може да биде поништен по крај на средбата.