Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адриен Рабио минатата зима се скара со управата на ПСЖ, зашто зад нивни грб договараше ангажман во Барселона и одби да го продолжи договорот со парижаните.
Договорот на Рабио со ПСЖ завршува на крајот на месецов, но тој нема да се пресели во Барселона. Таа опција одамна пропадна, а сега од Франција пристигнува интересна информација.
Француските медиуми пишуваат дека Рабио, наводно, открил дека е во преговори со италијанскиот шампион Јувентус.
„Јувентус е голем клуб за кој секој би сакал да игра… Вистина е, преговараме во моментов“, порачал Рабио.
Италијанските медиуми објавија дека Јуве претходно го контактирал Мино Рајола, па очигледно наскоро ќе биде потврден неговиот трансфер.