Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот француски фудбалер Жан-Пјер Адамс почина на 73 години, откако претходно 39 години помина во кома.
Адамс имаше 34 години кога во 1982 година падна во длабока кома по грешката на анестезиологот во тек на операцијата на коленото во болница во Лион.
На судниот ден во Франција имало штрајк на докторите и многумина не се појавиле на работа, а анестезиологот морал да надгледува осум операции во исто време и случајно ја згрешил дозата кај Адамс.
Докторот бил прогласен за виновен и платил казна од 750 евра, а болницата никогаш не се извинила.
Адамс е роден во Сенегал, а за француската репрезентација одигра 22 меча од 1972 до 1976 година, додека дресот на ПСЖ го носеше на 41 натпревар.
RIP Jean-Pierre Adams, who has died aged 73 having spent 39 years in a coma pic.twitter.com/UMIegglWhZ
— FootballJOE (@FootballJOE) September 6, 2021