Француските медиуми разочарани од ракометарите коментираат: Ова е крај на една ера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Франција синоќа се поразени од Норвешка со 28:26 со што ги загубија сите шанси да поминат понатаму на Европското првенство.

Французите традиционално се едни од фаворитите за освојување златен медал, но добија голем шамар. Тие неочекувано беа поразени од Португалија во првото коло, додека синоќа Норвешка ги испрати дома.

Французите утре имаат дуел против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која исто така се збогува од следната фаза од натпреварувањето. За Франција, ова е првпат во историјата на Европските првенства да не помине во групната фаза и јасно е дека тоа беше шок за јавноста и во оваа земја.

Медиумите во Франција пишуваат дека шамарот од Норвешка е најдобриот показател дека ерата на Триколорите завршила и дека е време за промена во националниот тим.

“Сини, ова е крај. Францускиот тим поразен од Норвешка е веќе елиминиран. Не е избегнато катастрофално сценарио. Ова беше прв пат да се елиминираме веќе во групната фаза”, пишува Л’Екип.

„Франција ја загуби славата! Поразот од Норвешка во атрактивен меч ги испрати Никола Карабатиќ и соиграчите дома. Тие не ги решија проблемите од натпреварот против Португалија и ова е крај на една ера“, пишува угледниот Ле Паризиен утрово.