Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на ПСЖ веќе неколку недели го чекаа дебито на Лионел Меси, а тоа се случи вчера против Ремс. Аргентинецот во 57. минута почна да се загрева за да влезе на теренот, па почнаа овациите од стадионот.
По 10 минути загревање влезе во игра и на теренот мина повеќе од 25 минути, а иако не постигна гол или асистенција, сепак доби позитивни коментари од француските медиуми.
Тоа што на многумина им падна во очи е одличната соработка меѓу Меси и Килијан Мбапе, односно сигурноста во играта без оглед на неколку погрешни додавања.
„Покажа дека уште е во добра форма и ги разбира своите соиграчи на теренот. Му недостигаше прецизност во неколку додавања, но со тек на време ќе има добра соработка со Мбапе“, пишуваат Французите.