„Франс Фудбал“ објави слика на Меси во дресот на ПСЖ! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ продолжи со провокациите за Барселона откако вчера објави фотографија на Лионел Меси во дресот на ПСЖ.

Барселона ќе се соочи против ПСЖ во плејофот на Лигата на шампиони, а атмосферата меѓу клубовите не е најдобра затоа што постојано се шпекулира дека Меси ќе замине во Париз.

Францускиот медиум вчера објави насловна фотографија со Аргентинецот во дресот на парижаните, а во весникот се открива планот според кој ПСЖ планира да го ангажира Меси, а секако во тоа има улога и Нејмар.

Барселона е лута поради овие провокации и порача дека фотографијата во „Франс Фудбал“ била нарачана од страна на ПСЖ.