Франција си оди дома: Шпанија ќе се бори за трофејот на ЕП


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанската фудбалска репрезентација славеше со 2-1 против Франција во првото полуфинале на Европското првенство (ЕП).

Франција конечно постигна гол од игра и прва дојде до водство со голот на Коло Муани на асистенција на Килијан Мбапе.

Потоа следуваше спектакуларен гол на хитот на ова Европско првенство, 16-годишниот Јамал кој покажа дека е нова фудбалска ѕвезда. Само неколку минути подоцна Олмо погоди за целосен пресврт 2-1.

Во второто полувреме селекторот Дидие Дешам направи неколку офанзивни измени, Франција тргна по израмнување, меѓутоа немаше муниција и го загуби натпреварот.