Французинот го напушти Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот фудбалер се враќа во татковината, после две години во Серија А.

Жереми Менез ќе го напушти Милан, а негова нова дестинација ќе биде Бордо!

Медиумите ширум Европа пренесуваат дека меѓу клубовите се е договорено и дека само неколку формалности го делат Менез од премин во редовите на Жиродинците.

Менез во Милан стигна во 2014 година од Пари Сен Жермен, после што му истече договорот со Светците.

Кариерата ја почна во Сошо, а скаутите ширум Европа го забележаа во дресот на Монако.

Најбрза беше Рома, која во своите редови го доведе во 2008 година, после што две години помина во Кнежевството.

За Волчицата одигра три сезони, а во Серија А на 85 настапи постигна осум голови.

Враќањето во Франција, во редовите на ПСЖ му се допаѓаше, се до моментот кога Парижаните станаа потрошувачи на пазарот.

Конкуренција во вид на Златан Ибрахимовиќ, Лукас Моура, Хавиер Пасторе и Езеквел Лавеци беше пресилна, и се врати во Италија, во редовите на Росонерите.

За Милан одигра 43 натпревари во лигата, а мрежата ја тресеше во 18 наврати.