Фреди Бобиќ го откри името на новиот клуб на Лука Јовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ импресионираше со своите настапи во дресот на Ајнтрахт Франкфурт оваа сезона.

Токму поради тоа на адреса на фудбалерот стигнаа многу примамливи понуди, од кои тој веројатно ќе ја прифати онаа на Реал Мадрид.

Членот во одборот на Ајнтрахт Франфкурт, Фреди Бобиќ потврди дека Јовиќ веројатно ќе си замине по крајот на сезоната.

„Дефинитивно постои голема шанса Јовиќ да потпише за Реал Мадрид. Се надевам и сакам Лука да остане, овде, но реален сум и знам дека голем клуб сака да го купи Лука, затоа немаме шанси“- истана Бобиќ.