Фреди Љунгберг останува во Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фреди Љунгберг ќе остане во Арсенал и ќе му помага на Микел Артета кој беше назначен за нов предводник на тимот.

Шпанскиот стратег се уште го нема потврдено целиот стручен штаб с кој ќе работи, но се верува дека први помошници ќе му се токму Љунгберги Стив Раунд кој претходно работеше во Манчестер Јунајтеди Евертон.

„Зборував со Фреди по натпреварот со Евертон. Му ја кажав мојата идеја и му ги посочив луѓето кои сакам да ги доведам во мојот тренерски тим. Сакав да знам што чувствува, што има на ум. Зборувавме и донесовме одлука дека најдобро е тој да остане во клубот со нас“ –истакна Микел Артета.