Френк Лампард го коментираше ангажманот на Зијеш: Ќе биде нешто поразлично..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Френк Лампард го доби и првото официјално засилување за следната сезона.

Нов играч на „сините“ по крајот на сезонава ќе стане фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијеш кој за 38 милиони евра ќе слета на „Стемфорд Бриџ“.

Лампард смета дека Мароканецот ќе биде нешто проазлично од тоа што клубот го има во овој момент и посочи дека се возбудени што ќе го имаат во својот тим.

„Тој ќе биде нешто поразлично за нас, па ние сме возбудени. Знам дека не доаѓа сега, но мислам дека е возбудувачки за нас како клуб и зафановите исто така што знаеме дека тој ќе биде овде следната година“ –изјави Френк Лампард.