„Фудбал Ликс“ ги откри деталите за казната на Челси


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Во новиот бран на документи во рамки на аферата „Фудбал Ликс“ објави зошто Челси беше суспендиран од страна на ФИФА.

ФИФА го казни Челси со забрана за трансфери во наредните два преодни рока и казна од 600.000 евра, зашто незаконски ангажирале млади фудбалери, меѓу кои бил и хрватскиот голман Карло Жигер.

Според правилата на ФИФА, забрането е купување на помлади фудбалери од 16 години, но Челси во 2014 година го ангажирале Карло на само 12 години.

Челси на семејството на Карло со таен договор платил 808.000 фунти по доаѓањето во Англија, со што ги прекршил правилата на ФИФА и правилата на Англискиот фудбалски сојуз.

„Сините“ му плаќале на хрватското семејство за престојот во Англија и сите останати трошоци, а неговиот татко Дарко добил работа во клубот, па тоа е против сите правила на ФИФА и дефинитивно Челси нема да се спаси од казната, дури и по жалбата.

Случајот на Жигер е само еден од повеќе од 20 случаи во кои Челси на овој и сличен начин нелегално ангажирал млади фудбалери.