Фудбалер на Арсенал откри кога ќе продолжи сезоната во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал кој во овој клуб настапува како позајмен од редовите на Реал Мадрид, Дани Себаљос откри кога ќе продолжи сезоната во Премиер лигата.

Во едно интервју за шпанско радио, Себаљос потврди дека се очекува Премиер лигата да продолжи на 20 јуни.

Тоа е осум дена по првично предвидениот термин од 12 јуни кога се очекуваше да продолжат натпреварите од најелитното англиско натпреварување.

„Слушнав дека во Шпанија првенството продолжува на 12 јуни, а ние ќе почнеме една недела подоцна. Премиер лигата продолжува на 20 јуни. Сите во клубот бевме негативни на тестирањето и сега имаме доволно време да се вратиме во форма“ –изјави Себаљос.