Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус не ги искористи своите шанси и на крајот мораше да се задоволи со бод (1-1) против Аталанта во 12. коло од Серија А, а трагичар беше Кристијано Роналдо кој промаши пенал.
Навивачите на Јувентус го критикуваа и судењето, односно сметаат дека Мартин де Рон требало да заработи директен црвен картон по стартот на Хуан Квадрадо.
Интересно е тоа што и Де Рон се јави на Твитер и призна дека требало да биде исклучен затоа што направил грешка.
„Требаше да бидеш исклучен за стартот на Квадрадо“, порача еден навивач, по што Де Рон се согласи и кажа дека бил прегруб во стартот, но се извини затоа што немал намера да го повреди противничкиот фудбалер.
Agree. I was too late and it was too hard. But I hope it’s clear that it was never my intention. Apologies to @Cuadrado https://t.co/YGuWcPPuDW
— Marten de Roon (@Dirono) December 16, 2020