Фудбалер на Барселона призна дека би играл со Кристијано Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иван Ракитиќ, фудбалерот на Барселона, изрази желба и подготвеност еден ден да заигра во ист тим со Кристијано Роналдо.

Ракитиќ долго време беше поврзуван со јануарски трансфер во Јувентус, меѓутоа тоа не се реализира па тој остана во Баселона.

„Секако дека би сакал да играм со Кристијано Роналдо во ист тим.  Тој е еден од најдобрите играчи во историјата. Уживам да го гледам како игра и гледам дека му оди одлично во Јувентус“- изјави Ракитиќ.