Фудбалер на Евертон му дозволува на синот да носи само еден дрес од – Роналдо!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо е најпопуларен фудбалер во светот и затоа не чуди што е голем пример на многу млади играчи.

Голем навивач на Роналдо е и синот на Алан, кој настапува за Евертон и кој зад себе има неколку одлични сезони во дресот на Наполи.

Бразилецот кажа дека во неговиот дом имаат само еден дрес на Роналдо и тоа додека настапувал за Реал Мадрид.

„Мојот син е негов навивач, но во својот дом не го сакам дресот на Јувентус, затоа го носи дресот од Реал Мадрид“, вели Алан.

Алан настапуваше за Наполи во период од 2015 до 2020 година, по што се пресели во Англија.