Фудбалер на Франкфурт ја тужи мајка му поради бизарна причина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Дени да Коста реши да ја тужи неговата мајка, а причината е навистина бизарна.

Овој 26-годишен дефанзивец сака да си ги врати дресовите кои многу му значат, а мајка му не сака да му ги врати.

Станува збор за шест дресови кои низ кариерата ги носеше во важни натпревари и кои многу му значат, а наскоро цел случај ќе заврши на суд.

Според германските медиуми мајката на фудбалерот кажала дека тоа е недоразбирање и таа смета дека синот ги подарил дресовите, па нема зошто да ги бара назад.

Сепак, на крајот ќе мора тоа да се реши на суд, а судењето е закажано за 27 септември.