Фудбалер на Јунајтед плачел во соблекувалната по ремито со Челси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед не успеа да го победи Челси. Мечот на „Олд Трафорд“ заврши 1-1, па така шансите за пласман на „ѓаволите“ во Лигата на шампиони се мали.

За да биде уште полошо, фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Ерик Баи се повреди и мораше порано да го напушти теренот.

„Дејли Мејл“ пишува дека дефанзивецот плачел во соблекувалната на Јунајтед кога дознал дека повредата е сериозна и најверојатно ќе го пропушти Африканскиот Куп на Нации во јуни.

По мечот, Оле Гунар Солскјер кажа дека сезоната за Баи е завршена, па нема да настапи на последните два натпревари во Премиерлигата.

„Ќе одиме на прегледи, мислам дека ова е лоша повреда, но сметам дека нема да го видиме до крајот на сезоната“, порача Солскјер.