Фудбалер на Легија заврши во затвор: Ни на непријател не би му го посакал тоа!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Фудбалерот на Легија Варшава, Жосуе беше уапсен по хаосот против АЗ Алкмар во Конференциската лига.

Португалецот беше изнесен со лисици од клупскиот автобус, откако беше осомничен дека тепал член на обезбедувањето на стадионот.

„Тоа беше ужасна ноќ. Никогаш не сум доживеал нешто толку лошо. Тие часови на неизвесност и стравови кои ги чувствував не му ги посакувам ниту на најголемиот непријател. Излегов од затвор, но ќе ми треба период за да закрпенам“, вели Жосуе.