Фудбалер на македонски клуб од Австралија меѓу жртвите во пукањето во Сиднеј


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот тим од Австралија, Рокдејл Илинден, со длабока тага ја информираше јавноста дека нивниот фудбалер Ден Елкајам е една од жртвите во крвавиот напад што вчера се случи во Сиднеј.

Според последните информации од австралиските медиуми, во вооружениот напад на плажата Бонди, за време на фестивал, животот го загубиле најмалку 15 лица, додека уште 42 биле повредени, дел од нив со тешки повреди.