Фудбалер на Манчестер јунајтед има срцеви проблеми, мора на операција!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед Нусаир Мазрауи беше опериран поради проблеми со срцето, пренесе денес „Асошијетед Прес“.

Изворот на медиумот изјави дека Мазрауи направил интервенција како претпазливост и дека неговиот проблем е релативно честа појава.

Не се знае кога точно Мазрауи ќе се врати на теренот, но изворот на медиумот изјави дека Манчестер јунајтед се надева дека ќе биде тоа во „следните неколку недели“.

Проблемот со кој се соочува се дефинира како чувство дека срцето чука забрзано и посилно, и прескокнува отчукувања. Тоа е безопасно во повеќето случаи, но лекување е потребно ако тестовите покажат дека личноста има проблем со срцето.

Мазрауи, кој има 26 години, дојде во Манчестер јунајтед ова лето од Баерн Минхен, и од тогаш одигра десет натпревари за клубот.