Фудбалер на Манчестер Јунајтед сака да си замине од клубот затоа што Солскјер му рекол дека е пренизок


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите во Манчестер Јунајтед со нетрпение го очекуваа крајот на кошмарната сезона која во неделата конечно го имаше својот финиш.

Јасно е дека во летниот преоден рок ќе следи голем ремонт во клубот, па така многу од сегашните фубалери ќе станат поранешни играчи на Манчестер Јунајтед.

Еден од играчите кои би можел да замине е младиот Анхел Гомеш за кого се предвидува блескава кариера. Наводно играчот сам побарал да замине затоа што не уживал голема доверба кај Солскјер кој во еден приватен разговор му рекол дека е пренизок да биде фудбалер.

Младиот, 18 годишен Гомеш, кој влезе во историјата на Манчестер Јунајтед како најмлад фудбалер кој го имал своето деби за клубот е висок само 1.60 м, но и покрај тоа импонира со своите вештини со топката.

Дали ова е само медиумска шпекулација, или има вистина во најавите, останува да видиме.