Фудбалер на Милан мора на операција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Милан на почетокот на сезоната ќе биде послаба за Кристијан Запата.

Еден од стандардните фудбалери на Милан настапувајќи за Колумбија на Копа Америка доживеа повреда на членот, поради тоа ја напушти САД и се врати во Миланело.

Денеска од Милан порачаа дека нивниот фудбалер ќе мора на операциај коај ќе следи во наредните денови.

Колку Колумбиецот ќе биде надвор од теренот засега не е познато.

Кристијан Запата во минатата сезона одигра 21 натпревар за Милан, од кои 16 во Серија А.