Фудбалер на Ница сакал да скокне од мост

Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека сакаше да скокне од мост висок над 100 метри, но за среќа беше спречен во неговиот обид.

Бека Бека наводно имал големи љубовни проблеми и сакал да си го одземе животот, но полицијата реагирала брзо и пристигнала веднаш на местото и го спречила во неговата намера.

На медицинскиот тим му раскажал дека му е тешко да се помири со ситуацијата и затоа сакал да скокне од мостот.