Фудбалер на Рома се појави во контроверзно видео, многумина тврдат дека е дрогиран (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рик Карсдорп е трансфер промашување на Рома кое во моментов игра во Феенорд како позајмен фудбалер.

Оовј фудбалер важи за доста контроверзен, а тоа го потврди и последната негова снимка која се појави на социјалните мрежи.

На истата се гледа фудбалерот во автомобил заедно со негов пријател. Карсдорп изгледа пијано и дрогирано, а токму такви се коментарите и од фановите на социјалните мрежи. Навивачите на Феенорд побараа да се направи тестирање врз играчот за да се утврди дали тој е дрогиран.

„Последните денови, освен позитивните пораки, примив и многу негативни пораки и го доживеав тоа што луѓето многу брзо носат свои одлуки иако не се известени за тоа. На почетокот не сакав да одам подлабоко, но мора да објаснам една работа. Секој може да има свое мислење, но ме вознемирува како луѓето се однесуваат кон другите. Сите околу мене знаат дека не сум користел ниту дека некогаш ќе користам дрога. Во 2020 година влегувам позитивно и на сите им го посаувам тоа. Благодарам на фановите за поддршката и довербата“ –напиша КАрсдорп на социјалните мрежи.